Транспортната платформа TimoCom соработува со УТА

ИТ специјалистот заедно со UTA мрежата на бензински пумпи интергира понатамошни ПОИ во своете решение за следење на возила

Сподели на ...
24.01.2018

  • Водечката транспортна платформа во Европа ја проширува својата дигитална понуда
  • Планирање на релации со 44.000 приклучени бензински пуми ширум Европа
  • Паузи за надополнување на гориво на 2.6 милиони релации

Со TimoCom сега се можни и паузи за надополнување на гориво. Преку соработката со понудувачот на услуги и картички за гориво UNION TANK Eckstein (UTA), Клајностхајм, водечката транспортна платформа во Европа ја проширува својата понуда на услуги.

 

Во мрежата на UTA ширум Европа веќе се приклучени 44.000 бензински пумпи, на кои возачите на камиони не само што можат безготовински да налеваат гориво, туку можат да користат и други попатни услуги. Истите, отсега ќе бидат прикажани како Points of Interest (ПОИ), т.е точки на интерес, во делот за планирање на релации на TimoCom. „Со тоа на нашите клиенти им ја нудиме можноста, своите релации уште поефикасно и поудобно да ги планираат“, вели портларолот на фирмата Гунар Гбурек.

 

За повеќето од 120.000 корисници на TimoCom, пристапот до проширената понуда е преку решението за пресметка на релации и следење на возила TC eMap®. Уште при планирањето на релациите се прикажува, каде се наоѓаат бензинските пумпи, кои се приклучени на мрежата на UTA. Приближно 2,6 милиони релации месечно се пресметуваат преку TC eMap®.

 

Возачите на камиони, кои преку паметен телефон или таблет го употребуваат решението за пресметка на релации на транспротната платформа на TimoCom за ориентација, можат со едно пристискање со прстот на логото на UTA, кое се прикажува на електронската карта, во секое време да добијат понатамошни информации, без да мора да да отворат дополнителна апликација или софтвер. Со тоа мобилните уреди на возачот му нудат, меѓу другото и податоци за работното време, безбедни паркинг места, терминали за патарина, приклучок за струја под висок напон и видот на горива кои се на располагање. Само во Германија на мрежата на UTA се приклучени повеќе од 12.000 бензински пумпи.

 

„Како давател на мобилни услуги мора да бидеме секаде присутни таму, каде што се и нашите клиенти. Од оваа причина, TimoCom како најголема транспортна платформа во Европа е идеален партнер“, вели Фолкер Хубер, извршен директор на UTA.

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе