skip navigation

Седумте најчести прашања во врска со наплата на долгови во логистиката

Објаснуваме како функционира и кој ги плаќа трошоците.

Сподели на ...
13.10.2020
Една жена ги проверува своите фактури дали се платени или не.

Налогот е доставен и фактурата е напишана. Но, на сметката нема прилив на пари.

Еден од начините да се справите со неплаќачот е да ангажирате агенција за наплата на долгови. Постојат многу нејаснотии поврзани со ова. Во оваа статија одговараме на седумте најчесто поставувани прашања што се поставуваат пред доделување на налог.

Давање на налог за услугата за наплата на долгови е корисен начин доколку сакате да го предадете управувањето со побарувањата во експертски раце.
Сподели на ...

Содржина:

  1. Колку опомени треба да бидат напишани пред да може да се побара услугата за наплата на долгови?
  2. Кои обврски ги презема агенцијата за наплата на долгови?
  3. Како ангажирате компанија за наплата на долгови?
  4. Како функционира процесот за наплата на долгови?
  5. Што не смее да прави агенција за наплата на долгови?
  6. Колку изнесувааат надоместоците за наплата?
  7. Кој ја плаќа таксата за наплата?

 

Освен ако не е поинаку договорено во договорот, побарувањата се веднаш активни. И покрај тоа, доаѓа до неплаќање на фактурите. Причините за ова се различни, но последиците се непријатни за сите страни. Стандардно доцнењето започнува 30 дена по датумот на доспевање. Како доверител, од тој момент имате можност да преземете понатамошни чекори и, на пример, да ангажирате агенција за наплата на долгови за да ги добиете вашите пари. Еве што треба да знаете:

 

1. Колку опомени треба да бидат напишани пред да може да се побара услугата за наплата на долгови?

Според директивата на ЕУ, не е потребна опомена по истекот на периодот на плаќање. Налогоземачот од тој момент веќе доцни со плаќањето и може да се нарача давател на услуги за наплата на долгови.

Опомена повеќе не е потребна, но секако е добар чекор за одржување на деловните односи. Меѓутоа, ако нема одговор од должникот или прилип и по второта опомена за плаќање, може да се ангажира професионално управување со побарувањата.

 

2. Кои обврски ги презема агенцијата за наплата на долгови?

Агенцијата за наплата на долгови ги проверува фактите на двете страни и може да дејствува како неутрален посредник. Ги прегледува поднесените документи и може да обезбеди информации дали тврдењето е оправдано.

Професионално управување со побарувањата, исто така им помага на своите клиенти да ги добијат своите пари и ја презема преписката со должникот. Ова е наменето да се разјасни прашањето и / или да се наплатат побарувањата. Покрај тоа, на барање на доверителот, постои можност да се преговара за алтернативни модалитети на плаќање.

Услугата за наплата на долгови може да биде активна при наплатата на парите. Поточно, ова значи дека може да побара од должникот да ги плати побарувањата. 

 

 

3. Како ангажирате компанија за наплата на долгови?

Постои можност, сами да се погрижите за вашите побарања. На оваа тема TIMOCOM напиша статија која содржи три совети за управување со побарувањата. Ова исто така вклучува и лично контактирање на самиот клиент и потсетување на обврската за плаќање. Сепак, повеќе има смисла да се контактира некој кој има искуство или, уште подобро, се има специјализирано во дејноста. При изборот шпедитерите и логистичарите треба да обрнат внимание на релевантните информации. Ангажирањето обично е некомплицирано преку писмо или преку формар на интернет. За да може агенцијата за наплата на долгови да ја заврши својата работа, мора да се достават докази за побарувањата. Значи, фактурите кои не се платени, транспортниот налог или слично. Доколку овие документи се достапни, клиентот треба уште да го потврди давањето на налог за услугата за наплата на долгови. Тимот за наплата на долгови тогаш може да започне управување со професионално побарување.

 

4. Како функционира процесот за наплата на долгови?

По добивањето на потврдата за налогот и сите важни документи што го објаснуваат случајот се проследени до агенцијата за наплата на долгови, фирмата за наплата на долгови ќе го разгледа случајот.

Сега проверува дали документите се фактички точни. Значи, рокот на плаќање навистина е надминат за 30 дена? Дали е покренато тврдење за штета? Дали не е платена фактурата? Услугата за наплата ги користи документите  за да провери дали тврдењето е неоспорно и законско.

 

Потоа ќе го контактира должникот. Тој има можност да коментира по ова прашање и да заземе став. Тој може да го потврди или поништи побарувањето и од негова страна. да достави документи. Како дел од преписката, на пример, може да се договорат рати или делумни плаќања.

 

5. Што не смее да прави агенција за наплата на долгови?

Услугата за наплата на долгови не може да го застапува законот, односно да осуди некому на нешто, или  директнао да побара исплата од должникот. Тој може да побара од должникот да изврши исплата ако побарувањето е неспорно. Доколку побарувањето е оправдано, должникот мора да му го исплати неплатениот износ на доверителот.

Агенциите за наплата немаат други права освен барањето на првичниот доверител. Како давател на услуги, вие едноставно го ослободувате од преписката со должникот. Иако имате теоретско знаење за проверување на фактите, вие не сте правни советници. Ако случајот треба да се разгледува пред суд, тогаш агенцијата за наплата на долгови е изоставена.

 

6. Колку изнесувааат надоместоците за наплата?

Доколку логистичка компанија одлучи да ангажира професионално управување со побарувањата, износот на трошоците е ограничен. Таа се заснова на табелата за надоместоци на адвокати, која го одредува фиксниот износ. Обработката на случајот за наплата на долгови изнесува половина до максимум два и пол пати од надоместокот. Основа на пресметка е износот на побарувањето. Дури и во сериозни или особено сложени случаи, се пресметува максимална такса за обработка x 2,5. Сепак, честопати се договара средната вредност од 1,3. Ова најпрво звучи комплицирано, но може брзо да се пресмета.

 

Пример Да претпоставиме дека извршениот транспорт не е платен. Износот на фактурата е 500 евра. Надоместоците за наплата за овој умерено тежок случај се 1,3 пати од правна такса или 58,50 Euro.

 

7. Кој ја плаќа таксата за наплата?

Постојат многу причини за неплатени сметки, но неплаќачите треба да знаат дека тие предизвикуваат напор и трошок. На пример, пишувањето и испраќањето опомени може да резултира со бирократски и финансиски трошоци. Доверителот може да побара напорот и трошоците за наплаќање на парите да бидат компензирани од должникот.

Директивата на ЕУ создава јасни правиила и обврски за тоа што да направи ако не е платена фактура. Правните детали за надомест на штета ги подготвивме за вас во овој напис на услуги-известувања на TIMOCOM. Ова е особено важно за меѓународна индустрија како што е логистиката.

Резиме:

Отворените фактури секако дека мора да се платат, особено во однос на доверливите деловни односи. Ако ова не функционира, важно е да ги знаете вашите права и опции. Давање на налог за услугата за наплата на долгови е корисен начин доколку сакате да го предадете управувањето со побарувањата во експертски раце.

 

Во индустријата за транспорт и логистика, управувањето со побарувањата е предизвик поради меѓународноста и повеќејазичноста на сите чинители. Затоа, меѓународна услуга за наплата на долгови на TIMOCOMсе има специјализирано за сеевропско услужување на своите клиенти Дејствува како неутрален посредник на 27 јазици и помага во справувањето со неплаќачите.

 

Информирајте се сега

Ова исто така може да ве интересира:

 

Што да направите со отворени фактури? Кратко објаснување за вашите права и обврски во случај на задоцнето плаќање.

Што да се прави ако клиентите не плаќаат?

Останувајќи економски силен - Како моментално можете да ја заштитите вашата компанија

 

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе