skip navigation
04.07.2022

25 години TIMOCOM: силен за клиентите, силен како партнер, силен во дигитализацијата

25 години TIMOCOM: силен за клиентите, силен како партнер, силен во дигитализацијата

Од стартап ИТ компанија до присуство во канцелариите на над 50.000 европски компании - оваа година TIMOCOM може да погледне наназад на четвртина век постојан и дигитално пионерски корпоративен развој. Во хармонија со клиентите како најважна карактеристика е исто толку важно како и острото чувство за партнерите. Затоа што само заедно може да се совлада една од најголемите задачи на нашето време, дигитализацијата на логистиката.

 

„За таа цел, до 2030 година само во истражување и развој ќе инвестираме околу 100 милиони евра “, вели Тим Тирман.
Сподели на ...

Дигитализација на целокупниот транспортен процес

Десктоп компјутери на попуст!


 Со купувањето на попуст во еден германски дискаунтер за храна во 1997 година, шпедитерот Јенс Тирман ги поставува темелите на TimoCom Soft- und Hardware GmbH и неговата транспортна берза.

„Се започна со фактот дека  ширум Европа барав платформа за доделување транспортни налози, со цел да ги намалам празните релации на мојата шпедиција. 

Но, не можев да најдам ниту една што ги исполнува моите барања“, вели тој. По неколкумесечна програмска работа, во април 1997 година: стартување TC Truck & Cargo®, како што беше првично наречена.

Транспортнатаа берза брзо се полнеше со понуди. „Избегнувањето на празни релации“ повеќе не е желба, „пронаоѓањето на транспортни налози“ станува вообичаена практика. Клиентите препорачуваат клиенти, компанијата се шири на меѓународно ниво, отворајќи локации во Полска, Чешка и Унгарија. Внамавање на потребите на клиентите и размислувањето надвор од вообичаеното е основа за постојан иновативен развој од транспортна берза до систем во кој повеќе од 50.000 клиенти од 46 европски земји можат дигитално да го мапираат својот целосен транспортен процес.

 

Голема инвестиција во истражување и развој, фокусирање на одржливоста

Тим Тирман, од 2019 година станува извршен директор заедно со Себастијан Ленен и  е втората генерација што ја води компанијата. Нивната декларирана цел е да го направат TIMOCOM најголемиот и најбезбеден пазар во секторот FreightTech.

„За таа цел, до 2030 година само во истражување и развој ќе инвестираме околу 100 милиони евра “, вели Тим Тирман.

Со товарната берза за оптимизирање на искористеностакако основна апликација, јасно е дека една од областите за инвестирање е одржливоста. Сепак, со користење на апликациите TIMOCOM може да се заштедат повеќе од 20 проценти емисии на CO2  по извозен километар, со истовремено зголемување од 30 проценти  во искористеноста  на флотата со возла. Новото партнерство со новосоздадена компанија ќе им даде можност на заедничките клиенти да го пресметаат сопствениот отпечаток на CO2.

 

Избрани партнери: Рамо до рамо во правец кон дигитална логистика

Со мрежа од над 300 партнерски компании, првенствено во полето на телематика и системи за управување со транспортот, TIMOCOM го следи патот кон дигиталната логистика. При изборот на партнери, ИТ компанијата повторно се фокусира на клиентите кои контактираат со TIMOCOM со конкретни барања за системска интеграција на одреден провајдер. Особено на саеми, како што е LogiMAT во Штутгарт, каде што ИТ компанијата често се појавува заедно со своите партнери, посетителите изразуваат предлози кои потоа се испраќаат преку е-пошта до одделот TIMOCOM Partnermanagement{.

Партнер со најголема заедничка база на клиенти е LIS AG. Во рамките од 25-годишниот јубилеум, TIMOCOM го праша членот на Управниот одбор Магнус Вагнер што смета дека е најголемата предност на партнерството:

„Бидејќи многу од нашите клиенти го користат системот на TIMOCOM веќе подолго време, би сакале со интерфејсот  да им заштедиме време да не мора двојно да внесуваат записи во двата системи“, објаснува тој. „Го гледаме нашиот систем за управување со транспортот како „хаб апликација“ на која можат да се поврзат услуги од други партнери. Така што беше природно да ја поврземе транспортната берзата TIMOCOM со нашиот систем. Со само еден клик во WinSped®, податоците се пренесуваат директно во TIMOCOM - огромна заштеда на време за нашите клиенти без премин од еден во друг медиум. Во иднина, сигурно сè повеќе заеднички клиенти ќе ги користат синергиите на ова партнерство“.

Вкупно, TIMOCOM располага со три интерфејси:

  • Транспортна берза
  • Транспортни налози
  • Следење на возила (Tracking)

Австрискиот партнер TRANSLOGICA GmbH беше првата компанија што ги интегрираше сите три интерфејси во еден голем процесен чекор. Во врска со оваа соработка, се изјасни извршниот директор дипл.-днг. Ханс Јорг Халер.

Она што не обединува да соработуваме со нашиот партнер  TIMOCOM е стремежот за поставување иновативни стандарди во дигитализираната логистика. На овој начин, нашите интерфејси овозможуваат транспортни процеси без премин од еден во друг медиум, што генерира значителна додадена вредност: помалку работно време, намалени трошоци, повеќе квалитет, поголема ефикасност. Од ова имаат корист нашите заеднички клиенти. Вака може и треба да продолжи – и во следните 25 години. Среќна годишнина!"

 

TIMOCOM, клиенти, партнери: Заедно во насока на патување „иднина“

Сè погустата мрежа на апликации и функции со постојано едноставно ракување веќе беше спомната во годишнината интервју со најстариот клиент на TIMOCOM, Dallmaco Speditionsges. mbH, означена како посебна карактеристика.

На ова се додава тековната размена со поврзаните клиенти и растечките стратешки врски со партнерите. Сето ова го прави TIMOCOM  системот и поврзаните услуги толку успешни. Оваа тесна соработка е фундаментална за визијата на компанијата за создавање свет без логистички предизвици. Затоа што не е задача на поединците да изградат дигитална логистика способна за иднината. Тоа е заеднички проект на нашето време, во кој секој поединец може значително да придонесе.

нагоре