skip navigation
18.01.2021

Успешна приказна: Повеќе клиенти и покрај корона

Нема криза на повидок за шпедитерската компанија Exportcargo

Шпедицијата   Exportcargo  од Шпанија беше во можност да забележи економски раст и покрај моменталната напната ситуација. Прочитајте во овој напис како транспортна компанија со средна големина успеа да ја прошири својата мрежа на деловни партнери и да ја зголеми продажбата за време на  Коронапериодот.

Мерките за ограничување на ширењето на вирусот Ковид-19 силно ја погоди економијата на Шпанија. Многу компании веќе не беа во можност да ги извршуваат своите деловни активности, или само во многу ограничена мерка. Ова имаше влијание врз услужните дејности и доведе до општ економски пад. Како резултат на ова,  логистиката  и транспортната индустрија на моменти доживеаја пад на побарувачката ширум Европа.  Exportcargo  исто така мораше да се прилагоди на променетата состојба со налозите па дури и привремено да го стопира  прекуграничниот товарен сообраќај .

„Користејќи ја апликацијата транспортна берза, можевме да изградиме голема мрежа на деловни партнери, што ни помогна во времето на кризата“, вели управниот директор на Exportcargo, Мигел Ортега.
Сподели на ...

Голем предизвик

 

Се чувствува малку како борбата  Давид против Голијат  кога 25-члена компанија ќе се спротивстави на ослабената економија во цела Европа. Тука, како и во библиската приказна , се чини дека постои огромен предизвик што треба да се пресретне. Во Стариот Завет, Давид е тој што го победи џинот со само една алатка. Exportcargo Logistica Integral SL, ешпедиција од Алмерија, исто така имаше на располагање помошно средство., што  ја направи целата разлика.

 

Шпанската  шпедитерска компанија  е на пазарот е само две години и главно превзема палетизиран товар во увоз и извоз на европскиот пазар. Главната дестинација е западна Европа. Уште од самиот почеток транспортната компанија се потпира на дигитализацијата. Дури и пред почетокот на  Корона пандемијата , вработените имаа можност да работат од дома. Кога се проширија мерките за борба против пандемијата и шпанската влада нареди затварање, Exportcargo беше подготвен. Диспонентите, шпедитерите и сите други кои инаку работеле во канцеларија беа испратени во домашната канцеларија долго време. На овој начин можеше да се продолжи со редовното работење.

Состојбата со налзите кај повеќето други шпански шпедитери  пропадна заради  Корона . Кај  Exportcargo  се појави очигледното размислување дека наскоро може да биде исто и кај нив.  Значи, што може да се направи за да се продолжии да се осигура обртот? Одлучено е повеќе да се користи  апликацијата   транспортна берза  на TIMOCOM за пребарување нови  налози.

 

Едно едноставно решение

 

Безмалку две години транспортната компанија е активна на транспортна берза. Намерата беше да се регистрираме на  транспортната берза со цел да работиме и во други земји покрај националниот пазар. Тука спаѓаат Германија, Белгија, Италија и Франција, како и Велика Британија. Со користење на апликацијата    транспортната берза  Exportcargo можеше континуирано да го проширува својот деловен радиус.  Шпедитерската компанија  е една од компаниите што пласираат најмногу товари на TIMOCOM мрежата. „Транспортната берза  на TIMOCOM има голема додадена вредност за нас“, вели еден од двајцата управни директори наExportcargo, Мигел Ортега. „Не само затоа што можеме во системот да внесуваме товари и товарен простор. Користејќи го системот, можевме да изградиме голема мрежа на деловни партнери, кои ни помогнаа за време на  Корона  “.

Шпанската  шпедитерска компанија  оттогаш енормно го зголеми својот обрт на стоки и дури ангажираше нови вработени и покрај економскиот пад во земјата. Во моментов има дванаесет вработени кои за компанијата во Smart Logistics системот  се во потрага по товарен простор или нудат товари. Нови, повеќејазични вработени, ќе  бидат ангажирани со цел уште подобро да ги задоволат потребите на клиентите. Покрај тоа, беа ангажирани самостојни возачи, т.е. превозници со мали флоти, кои го надополнуваат тимот на Exportcargo како постојани вработени.

И покрај тешките околности, откривме дека постојано доаѓаат барања преку  транспортната берза . Exportcargo-управителот Франциско Гарсија додава: „Затоа инвестиравме во нови вработени. На среден рок, видовме добри можности да останеме економски силни со TIMOCOM и знаевме дека ова исто така ќе значи повеќе работа за нас на долг рок “.

Шпанските  шпедитери  успеаја да се прилагодат на променетите побарувања на пазарот и да го интензивираат нивниот претходен начин на добивање на налози. Исто како што  Давид се бранеше против Голијат  со прачката, така и Exportcargo пронајде едноставна и паметна алатка која им помогна да се извлечат од тешката ситуација. Без Smart Logistics системот на TIMOCOM немаше да ја пребродатКорона

-кризата, потврдува Мигуел Ортега. Компанијата не само што успеа да го помине овој тежок период, туку забележа и пораст на обртот во споредба со претходната година.

Сакате и вие да бидете дел од Smart Logistics системот на TIMOCOM и да го проширите вашиот круг со клиенти? Тогаш можете

тука да се информирате

нагоре