skip navigation

Real-Time-Visibility во ланецот на снабдување

Smart App und Smart API следење на возила на TIMOCOM ги поврзуваат учесниците во логистиката, го оптимизираат ланецот на снабдување и овозможуваат попрофитабилни процеси при друмскиот транспорт.

Сподели на ...
20.12.2019

Еркрат, 25.10.2019 –Ги знаеме сите и веќе се почесто ги користиме услугите засновани на локацијата - без разлика дали за испорака на пакети, навигација или сите локални пребарувања на паметниот телефон. За разлика од приватната употреба, каде скоро секогаш станува збор за принципот „испраќач и дестинација“, следењето во реално време во ланецот на снабдување е многу покомплексно. Бидејќи тука се вклучени голем број на трговци, шпедитери и возачи. Долг ланец на допирни точки и актери, кои честопати се технички одвоени, но многу зависни едни од други. Со цел овој ланец на снабдување да биде транспарентен за сите учесници и да постигне максимални синергиски ефекти, TIMOCOM ги разви Smart App и Smart API следење на возила. 

Real-Time-следење на возила само со еден систем: Smart App und Smart API следење на возила на TIMOCOM ги поврзуваат учесниците во логистиката, го оптимизираат ланецот на снабдување и овозможуваат попрофитабилни процеси при друмскиот транспорт
Сподели на ...

Предности за транспортната индустријата

 

Со Smart App следење на возила на TIMOCOM, податоците за положбата на камионот може да се видат во кое било време - сè додека шпедитерот или транспортерот го овозможува следењето. Smart API следење на возила исто така овозможува, во иднина со геофенсинг, да се обработуваат објавените податоци за камионите во рамките на сопствениот логистички софтвер на компанијата. Така, статусот на транспортот може независно да се следи, како и на пример да се пресметува проценетото време на пристигнување („ETA“ = Estimated Time of Arrival) на возилото на истоварното и утоварното место и соодветно да се резервира одреден временски период на истоварното место. Делумно автоматизирано и со минимално трошење на човечки ресурси, бидејќи огромното мнозинство на податоци се создава од системот и засегнатите страни се проактивно информирани. Поефикасни процеси за утовар и помалку време на чекање значи помалку стрес и поголем обрт. Планирањето на релацијата, исто така, може значително да се оптимизира со користење на податоци за следење: Сообраќајниот метеж или актуелните настани во градовите може однапред да се избегнат, може да се испланира најкратката или најевтината релација, а може да се изберат соодветни возачи и камиони за соодветната рута. Шпедициите исто така можат да избегнат празни релации и да го прилагодат управувањето со возниот парк на најдобар можен начин, што од една страна се намалуваат трошоците и администрацијата, а од друга страна и се намалуваат емисиите на СО2.

 

Намалување на трошоците благодарение на современото управување со ланецот на снабдување

 

Секоја компанија го мери својот успех со два основни фактори: Ефикасност и обрт. Smart API следење на возила токму тука покажува резултати: Од една страна, трошоците за персоналот и стапките на грешка се намалени, од друга страна, делумно автоматизираната пресметка на релацијата и утоварот овозможуваат зголемување на ефикасноста на друмскиот транспорт. Заедно со Smart App релации и трошоци на TIMOCOM, можепланирањето на буџетот да се направи поточно и според тоа и попрофитабилно. Истотака и темата услуга со помош на Smart Logistics системот се подига на ново ниво. Транспарентните и прецизни информации во врска со ЕТА се додадена вредност што клиентите ја ценат. Примателите на робата, без разлика дали се од трговија или индустрија, можат точно да ги усогласат своите процеси и ресурси со времето на пристигнување и со тоа да ги оптимираат. За критичните производи или неправилни испораки, транспортерите исто така можат да бидат лоцирани и контактирани во рамките на логистичкиот процес, со цел ад хок спроведување на одлуки. Покрај тоа, тие можат подобро да го планираат времето на возење и на тој начин да добијат подобар баланс помеѓу работата и слободното време.

 

Real-Time-следење на возила само со еден систем:

 

Со помош на Smart Logistics системот, не е неопходно да се смени провајдерот или софтверот, бидејќи TIMOCOM преку својата мрежа ги поврзува сите учесници во само еден систем. Во соработка со своите партнери, ИТ компанијата од Еркрат ги собира, поврзува и интегрира сите податоци релевантни за клиентите и услугите. Денес, повеќе од 43.000 клиенти се веќе дел од овој систем, дневно создавајќи до 750.000 меѓународни понуди на утовари и утоварен простор. Како еден од водечките европски понудувачи на Smart Logistics апликации, ТИМОКОМ им овозможува на своите клиенти да ги оптимизираат своите процеси, ефикасно да го користат утоварниот простор и персоналот и брзо и едноставно да ги мрежат вклучените компании.

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе