TimoCom со рекорден резултат во 2017:

Продолжува растот на најголемата транспортна платформа во Европа

Сподели на ...
16.03.2018

Еркрат, 16.03.2018 – Транспортната платформа на TimoCom и во деловната 2017 година го продолжи курсот на раст. Со 90,7 милиони понуди на утовари и утоварен простор (2016: 68,3 милиони) ИТ фирмата од Еркрат и во минатата година постави нов рекорд по бројот на поставени понуди.  Околу 1,4 милијарди тони утовар беа понудени  преку платформата во Европа во 2017 година.

Бројот на корисници кои своите транспортни потреби ги спроведуваат дигитално преку ИТ платформата е зголемен на повеќе од 127.000 во споредба со претходната година (2016: 110.000). Обртот во 2017 година се зголеми за 5,7 милиони евра на 67,9 милиони евра. Со тоа, компанијата која е основана во 1997 година  оствари најдобар обрт во својата историја. Над 40.000 клиенти (2016: 36.000) денес брои ИТ фирмата.

Од гледна точка на портпаролот на компанијата TimoCom Gunnar Gburek, двигателите на развојот се постојаната добра економска состојба и зголемената дигитализација на транспортниот и логистичкиот бизнис во Германија и Европа. "Шпедициите, како и фирмите од индустријата и трговијата можат да го најдат вистинскиот партнер за транспорт со само неколку кликања на глувчето - и обратно. Се повеќе и повеќе корисници ги користат ИТ решенијата на нашата платформа за флексибилно да реагираат со што поефикасно се олеснува управувањето со нивниот бизнис  ", вели Гбурек.

Така TimoCom во 2017 ја зголеми понудата на транспортната платформа со апликацијата „TC Transport Order®“. Со ова се  овозможува на компаниите можност за дигитално доставување на нивните барања за транспорт до повеќе превозници истовремено,  да побараат цени , и да поставуваат барања - без медиумски дисконтинуитет. Од самото воведување на пазарот во јули 2017 година, веќе се испратени 12.900 транспортни налози. Благодарение на "дигиталното ракување"  во делот на стпорведување на налози, се реализираа бројни успешни транспортни бизниси.

Бројот на поврзани телематски системи, од кои сите се комбинирани во транспортната платформа на TimoCom,  во 2017 година беше зголемен за 30 на повеќе од 230 провајдери. Покрај тоа, корисниците имаат можност, преку интерфејс да пренесуваат податоци за местоположбата  од краткорочните транспортни партнери   во сопствениот систем за управување со транспортот со цел да се зголеми квалитетот на услугите и задоволството на клиентите при спроведување на транспортните налози. "Денес, ги обезбедуваме сите функции кои се потребни за спроведување на транспорти и за поголема видливост во синџирот на снабдување", вели Гбурек, коментирајќи за тековното проширување на транспортната платформа.

Со цел да се направи простор за раст, ова лето TimoCom ќе се всели во дополнително изградената зграда до седиштето во Еркрат. На оваа и на три други локации во Полска, Чешка и Унгарија повеќе од 460 вработени (2016: 400) од 34 земји работат на понатамошен развој на најголемата транспортна платформа во Европа.

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе