skip navigation

TIMOCOM транспортен барометар: Надмината границата од 10 милиони.

Третиот квартал од 2020 година со јасно закрепнување - Дополнителната побарувачка за транспорт може да се почувствува низ цела Европа

Сподели на ...
05.11.2020
Понуди на товари низ Европа

Еркрат, 5.11.2020 година - Патниот товарен сообраќај во Европа со значитлен раст од јули до септември оваа година. Понудите со товари во третиот квартал на 2020 година, пресметани со транспортниот барометар на TIMOCOM, покажуваат дека се компензираше многу слабиот втор квартал од тековната година предизвикано од корона пандемијата. А бројките дури ги надминуваат и вредностите од претходната 2019 година и тоа во секој месец.

Во домашниот и прекуграничниот товарен транспорт се манифестираа јасни нагорни трендови во третиот квартал на 2020 година. За прв пат од почетокот на Корона кризата беа надминати 10 милиони товари во текот на еден месец.
Сподели на ...

Пресметано според понудите за товари во сите 44 европски земји што ги евидентира барометарот, имало 111 проценти повеќе понуди на товари отколку во претходниот квартал (Q3 во споредба со Q2 2020). Во споредба со истиот квартал од 2019 година, имало 17 проценти повеќе понуди на товарен простор  (Q3 2020 во споредба со Q3 2019). Притоа, најсилен месец е септември. За прв пат од почетокот на корона кризата  беа надминати 10 милиони товари во текот на еден месец. Со тоа , за дури 26 проценти е надмината и најдобрата вредност од 2019 година, исто така во септември.

„Причините за ова, се секако релативно порелаксираната состојба со инфекции во летните месеци и забележливата потреба во многу европски земји да се надополни по  периодот на локдаун “, известува Гунар Гбурек, портпарол на компанијата TIMOCOM. На пример, Италија, која беше особено сериозно погодена, ја суспендираше својата многу строга блокада на почетокот на јуни а и Шпанија исто така ја укина вонредната состојба на крајот на јуни. Откако производството на национално ниво запре во безмалку цела Европа,  производството во најголем број на случаеви се рестартираше.

Милион товари повење во националниот транспорт

Очигледно зголемената побарувачка за транспорт може да се забележи и на домашниот транспортен пазар. На национално ниво во Германија, логистиката силно се поврати и без исклучок исто така ги надмина бројките од претходната година: Во третиот квартал на 2020 година, беа понудени над еден милион повеќе товари отколку во истиот период од 2019 година. Во споредба со вториот квартал на 2020 година, експоненцијално се зголеми понудата. Разделено во одделни месеци, ова поединечно е: Јули 3 проценти, август 17 проценти, септември 73 проценти. Исто така и француската национална логистика се врати на старите патеки. Волуменот  во третиот квартал на 2020 година пораснал за повеќе од 12 проценти по месец.

Прекуграничен транспорт со нагорен тренд

Општиот нагорен тренд се манифестира и во прекуграничен товарен превоз. На пример, понудите за товари од Германија кон Франција нагло се зголемени и на годишно ниво и во споредба со Q2 2020 и покрај корона. И до 72 проценти. Истото важи и за товари од Германија кон Белгија. Во сите три месеци зголемувањето е по најмалку 30 проценти. Детално: од Германија кон Франција: Јули 72 проценти, август 35 проценти, септември 34 проценти; од Германија кон Белгија: Јули 30 проценти, август 60 проценти, септември 65 проценти.

Дури и најслабите земји фаќаат чекор

Зголемување кај и традиционално послабите земји. Колку е зголемена потребата за товари по ограничувања поради корона вирусот низ цела Европа, покажува дури и погледот кон оние земји кои генерално во споредба со 2019 година бележеа минус. И покрај негативните компаративни вредности од минатата година со 2020 година, исто така, може да се забележи значително подобрување кај овие земји во третиот квартал од оваа година. Тоа значи, на пример, од Германија кон Унгарија: Јули -44 проценти, август -34 проценти, септември -16 проценти. Или од Германија кон Чешка: Јули -41 проценти, август -8 проценти, септември -3 проценти.

Со транспортниот барометар, од 2009 година во 44 европски земји FreightTech компанијата TIMOCOM го анализира развојот на понудата и побарувачката на транспорт на транспортната берза интегрирана во Smart Logistics системот . Повеќе од 135.000 корисници днево генерират и до 750.000 меѓународни понуди на утовари и утоварен простор. Системот им помага на над 45. 000 TIMOCOM клиенти да ги постигнат своите логистички цели на паметен, безбеден и лесен начин.

нагоре