skip navigation
28.04.2022

25 години транспортна берза: TIMOCOM имаше трајно влијание врз европскиот патен товарен транспорт

Успешната европска деловна приказна на германски ИТ старт-ап

Основачот на TIMOCOM и сегашното раководството на ИТ компанијата (од десно кон лево): Во седиштето на TIMOCOM, Јенс Тирман, Тим Тирман и Себастијан Ленен се осврнуваат на 25 години транспортна берза и иднината на логистиката. © TIMOCOM

Erkrath, 01.04.2022 – Приказната за TIMOCOM започнува рано наутро на паркинг на еден германски дискаунтер во Дизелдорф. Таа седмица во 1997 година, на распродажба се десктоп компјутери и шпедитерот Јенс Тирман сака да  да ги користи за планираниот ИТ старт-ап. Тој си постави за цел да ширум Европа развие платформа за распределба за транспортни налози,  која шпедитерите и превозниците ќе можат да ја користат за краткорочно да најдат товар, да го намалат бројот на празни километри и на тој начин да постигнат подобра искористеност на нивните возила.

Сакаме да изградиме најголем и најбезбеден пазар во FreightTech секторот. „За таа цел, до 2030 година само во истражување и развојќе инвестираме околу 100 милиони евра “, вели Тим Тирман, управен партнер на TIMOCOM
Сподели на ...

„Се започна со фактот дека  ширум Европа барав платформа за доделување транспортни налози, со цел да ги намалам празните релации на мојата шпедиција. Но, не најдов ниту една што би ги исполнувала моите барања“, вели Тиерман. Заедно со деловните партнери, Тирман со месеци работеше на софтверот за сопствената транспортна берза. И на крајот беше готов: Основачот на Timocom Soft- und Hardware GmbH го притисна копчето за стартување и набљудуваше како неодамна лансираната транспортна берза Truck & Cargo се исполнува со понуди.

Сега беше време да се прошири мрежата на новата транспортна берза и да се овозможи логистика да се дигитализира, бидејќи во тоа време дури и модемите беа сè уште новина. „Тоа беше чувство на апсолутна радост, олеснување и во исто време и предвестување за голема одговорност - иако тогаш не претпоставувавме како сè ќе се развива понатаму“, вели Јенс Тирман, кога  денес се навраќа на тоа.

Мерливите предности за истакнуваат транспортната берза

транспортна берза беше тоа штоод пронаоѓањето на факсот го чекаше патниот товарен транспорт во Европа. Затоа што донесе конкретни придобивки. Благодарение на апликациите на TIMOCOM, неговата компанија заштедува 80 отсто од времето на ниво на процес, вели Вилхелм Далман, кој со Dallmaco Speditionsges. mbH од самиот почеток е клиент. По само неколку години, младата компанија TIMOCOM отвори преставништва во Полска, Чешка и Унгарија за да може подобро да им служи на основните пазари во Источна Европа и ја надмина границата од 10.000 клиенти.


Денес, компанијата има повеќе од 50.000 клиенти со над 147.000 корисници на системот во 46 европски земји. Секоја година тие прават во системот неверојатни 1,5 милијарди пребарувања на товари. И TIMOCOM веќе не само што внимава на иницијалниот бизнис, туку работи и на дигитализација на целиот транспортен процес.

Транспортната берза на TIMOCOM кога беше лансирана во 1997 година (лево) и како резултат на тоа, денешниот Smart Logisticsи систем. © TIMOCOM

„Нашата визија е свет без логистички предизвици“, вели Тим Тирман. Најстариот син на основачот во 2019 година го презеде управувањето заедно со Себастијан Ленен. Со тоа, ИТ компанијата сега е управувана од втората генерација. И новите лидери на компанијата си поставија цел не само да го продолжат семејниот бизнис и транспортната берзата, туку и да го направат најголемиот и најсигурен пазар во FreightTech секторот. „За таа цел, до 2030 година само во истражување и развој ќе инвестираме околу 100 милиони евра “, вели Тим Тирман.

20 проценти заштеда на CO2 преку дигитални апликации

Една од областите на инвестирање е одржливоста, која во последните години доби значење во сите области. Дигиталните апликации и транспортните берзи играат посебна улога во намалувањето на емисиите на CO2 во логистиката. Според една студија, повеќе од 20 проценти од емисиите на CO2 по поминат километар може да се заштедат со користење на TIMOCOM апликациите - со истовремено зголемување од 30 проценти во искористеноста на возниот парк.

Наскоро, клиентите на TIMOCOM самите на платформата ќе можат да го пресметаат сопствениот отпечаток на CO2. „Заедно со една млада, иновативна компанија, ги поддржуваме нашите клиенти да ги направат заштедите на CO2 видливи во нивниот возен парк“, вели Тим Тиерман.

Потенцијалот во патниот товарен транспорт е огромен. Бидејќи транспортниот сектор е најголемиот емитер на CO2 во Европа и една четвртина од тоа се припишува на патниот товарен транспорт. Во исто време, секој петти камион вози празен. Тоа значи дека потребата за ефикасно користење на ресурсите е исто толку актуелна и денес како и во 1997 година.

Можете да дознаете повеќе за TIMOCOM на https://mk.timocom.com/

нагоре