Известувања за печат

Тука можете да најдете актуелни информации за печат за различни теми околу фирмата TIMOCOM, нашите клиенти како и за индустријата.

Сонот за транспортната индустрија - Дали денес воопшто е можно да ги реализирате вашите соништа во транспортната индустрија и да започнете сопствен бизнис? Андре Кискер од H & K Transporte  пред пет години изјави: „Yes, I can.” Но, овој пат не беше лесен.

читај понатаму >

Групата Codognotto го користи првиот Smart Logistics System за Европа на TIMOCOM директно преку својот систем за транспортен менаџмент (TMS) SGA. Преку интерфејсот развиен од страна на софтверската куќа SIMA и TIMOCOM,  понудите на утовари на една од најголемите италијански логистички групи сега може автоматски да се објавуваат во TIMOCOM  системот. Ова решение е турбо ефект за сопствениот TMS SGA при доделување  на транспортни налози.

читај понатаму >

Според здружението на германските осигурувачи (GDV), 70 отсто од камионите на германските патишта не се правилно или се недоволно обезбедени. А притоа, законска обврска е правилното обезбедување на превозот според Регулативата за сообраќајот на патиштата (StVO) и Трговски законик (HGB). Но, кој е на крајот одговорен за тоа: Превозникот, возачот или отпремникот? И што е најважно при обезбедување на товарот? Вредни совети нуди Алфред Лампен, експерт, тренер и автор за обезбедување на товари во логистичката индустрија.

читај понатаму >

Еркрат/Хановер, 25. Октомври 2018 – 435 светски премиери – еден победник: "Со темите на електромотивност и вмрежување, животната средина е јасен победник на годинешниот саем  IAA комерцијални возила", вели портпаролот на компанијата TIMOCOM Гунар Гбурек. TIMOCOM, исто така, имаше премиера на водечкиот меѓународен саем за транспорт, логистика и мобилност: Со Smart Logistics System, ИТ компанијата за прв пат ја претстави новата стратешка ориентација на својата успешна европска транспортна платформа.

читај понатаму >

Еркрат/Хановер, 19.09.2018 – Веќе по 8. пат по ред TIMOCOM како водечка европска ИТ компанија за логистика се преставува на IAA 2018 комерцијални возила во Хановер. Оваа година TIMOCOM ја користи оваа можност за специјален хајлајт.

Компанијата, на водечкиот саем за мобилност, транспорт и логистика го претставува своето ново флексибилно лого како прв Smart Logistics System и отсега се залага за Augmented Logistics.

читај понатаму >

Еркрат, 14.09.2018 – Да се инспирираат студентите и практиканите во нивното развивање и правилно да се насочи нивното практично познавање од областа – уште од самиот почеток, тоа е една од целите на TimoCom. Овој пат IT-компанијата прави уште еден чекор напред во логистичката дејност и за првпат овозможува тримесечна летна пракса во претставништвото во Полска. Со овој придонес кон развивање на младите кадри, TimoCom сака да ги инспирира и другите претпријатија.

читај понатаму >

Еркрат/Хановер, 22.08.2018 година – европскиот водечки специјалист за IT и податоци од логистиката, TIMOCOM, на IAA Комерцијални возила 2018 во Хановер (од 20-27.09) се претстави со основен обработен пазарен пристап и нови IT-решенија, коишто им овозможуваат на корисниците подобра безбедност и поврзување со транспортниот синџир.

читај понатаму >

Еркрат, 16.08.2018 -  Јубилеj и посебна чест: ИТ фирмата TimoCom присуствуваше на официјалната церемонија на доделување на наградите на издавачката куќа ЕТМ на 21-ви јуни и по 10-ти пат по ред е награден во категоријата "транспортни берзи". Така, понудувачот на најголемата транспортна платформа во Европа продолжува да ја пишува својата успешна приказна која започна уште во 1997 година. Како прв TimoCom производ, транспортната берза е важна компонента на транспортната платформа која што низ годините постојано се развива и сега нуди разни апликации за да го покрие целиот транспортен процес.

читај понатаму >

Еркрат, 13.08.2018 –Логиката на брзиот, „врата-до-врата“ транспорт, каков што е транспортот на овошјето и зеленчукот, од самиот почеток бара максимална точност и професионалност . Покрај тоа, добавувачите треба флексибилно да реагираат на трговските активности, па дури и да "транспортираат" само неколку палети наместо цел камион. Згора на тоа, клиентот сака да биде во можност да ги следи во секое време онлајн своите производи. Стандардите за превоз се барем истотолку високи како и за производството. Шпанската компанија Germans Barri ги користи не само најновите технологии за складирање и ладење за своите овошја и зеленчуци, туку и за оптимизација на дигиталниот транспорт.

читај понатаму >

Еркрат, 16.03.2018 – Транспортната платформа на TimoCom и во деловната 2017 година го продолжи курсот на раст. Со 90,7 милиони понуди на утовари и утоварен простор (2016: 68,3 милиони) ИТ фирмата од Еркрат и во минатата година постави нов рекорд по бројот на поставени понуди.  Околу 1,4 милијарди тони утовар беа понудени  преку платформата во Европа во 2017 година.

читај понатаму >

  • Водечката транспортна платформа во Европа ја проширува својата дигитална понуда
  • Планирање на релации со 44.000 приклучени бензински пуми ширум Европа
  • Паузи за надополнување на гориво на 2.6 милиони релации

читај понатаму >

Како може да се постигне, позициските податоци од краткорочните транспортни партнери автоматски да се пренесат во сопствениот ТМС (систем за управување со транспорти)? Со ова прашање Spedition Schwarz која е и  членка на ЕЛВИС  му пристапи на понудувачот на најголмата европска транспортна платформа TimoCom. Заедно со интернационалната ИТ фирма Arvato Systems, TimoCom разви не само решение за овој специјален случај туку и решение за еден клучен проблем на денешнава транспортна логистика. Резултат од ова е еден интерфејс која овозможува во секое време да може да се добиваат и обработуваат ГПС-податоци од даватели на транспортни услуги, и со тоа да се подобри квалитетот на услугата и задоволството на клиентите при спроведувањето на транспортните налози.

читај понатаму >

Контакт за печат

+49 211 88 26 69 53

+49 211 88 26 59 24

presse@timocom.com

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе