skip navigation

Дали корона ќе го промени начинот на плаќањето во логистиката?

Интервју со Александар Оебел, TIMOCOM адвокат, Director Debt Collection & Legal Affairs

Сподели на ...
17.02.2021

Дали сакате поддршка при управувањето со побарувањата?

Сега побарајте ја услугата за наплата на долгови

 

Ако рокот на плаќање на фактурата е истечен, меѓународната услуга за наплата на долгови може да им помогне на клиентите да ги добијат своите пари. Успешни се во околу 86 проценти од сите случаевите. Адвокатот на TIMOCOM , Александар Оебел, раководител на услугата за наплата на долгови, во интервјуто дава информации за тоа зошто услугата работи толку успешно. Тој исто така дава увид во актуелниот морал на плаќањата во логистиката и совети за тоа што треба да се земе предвид при спроведувањето на плаќањата.
Сподели на ...

Господине Обел, накратко опишете ја вашата обврска.
Во TIMOCOM сум одговорен за правниот оддел, особено за услугата за наплата на долгови. Во својата основа, станува збор за решавање на разликите помеѓу клиентите и справување со правните прашања на компанијата.

 

Тука веќе сме и на темата: Што ја прави услугата за наплата на долгови на TIMOCOM толку посебна?
... брзата имплементација на управувањето со побарувањата со истовремено неутрален настап кон сите страни. Ако има разлики помеѓу договорните партнери, особено национални и јазични бариери - ние помагаме, за да може тие утре повторно професионално да се сретнат на пазарот. За нашите клиенти е олеснување да се знае дека на нивна страна има сигурен партнер кој може да ги надмине овие пречки.

 

Кои се пречките?
Според нашето искуство, ова не се проблеми што се само од правна природа. Честопати има потешкотии во комуникацијата. Во основа, станува збор за човечки прашања - мали нешта, недоразбирања, бариери. Во овие случаи, заедно со меѓународниот тим, можеме да обезбедиме поддршка на повеќе од 27 јазици. Специјализирани во индустријата за логистика и транспорт, можеме директно во консултација со клиентот да се справиме со проблемот. Агенција за наплата на долгови најчесто се повикува ако должникот не реагира и контактот е заглавен. Можеме да ја повратиме комуникацијата помеѓу доверителот и должникот од улогата на неутрален медијатор. Во овој случај проверуваме врз основа на документи и на тој начин можеме да ги решиме отворените прашања на фактичко ниво. TIMOCOM се обврза на поедноставено справување со сите логистички процеси а тоа вклучува регулиран проток на плаќања.

 

Како се промени економската состојба на многу транспортни компании како резултат на корона?
Од една страна, гледаме дека одредени индустрии поради ситуацијата се развиваат многу различно. Ситуацијата на пазарот се смени. Некои стоки многу повеќе беа барани, за некои веќе нема побарувачка. Транспортерите и шпедитерите, кои претходно имаа широк сегмент на клиенти, беа принудени да отстранат некои индустрии како нивни клиенти. Транспортните компании, кои на пример доставуваат храна, тоалетна хартија или сега вакцини, гледаат зголемена побарувачка. Сепак, барем привремено, логистичките и транспортните компании исто така мораа да ги минимизираат своите трошоци, на пример со запирање на возниот парк или испраќање на принуден одмор на дел од вработените. Останува да се види до кој степен државната помош е доволна за да се обезбеди одржлива поддршка со често тесните маргини, бидејќи секоја компанија има своја индивидуална структура на трошоците.

 

Дали моралот на плаќањето во логистиката се промени заради моменталната состојба?
Постои поголема претпазливост на пазарот. Намалена е можноста за предфинансирање во логистичката индустрија. Ако изведувач извршил неколку превози за одредена компанија, вообичаена практика е во транспортниот сектор да порамнат неколку фактури заедно. Доколку имало застој во плаќањата, овие побарувања биле собрани и проследени до услугата за наплата на долгови за обработка.

Ова се промени од почетокот на корона. По завршувањето на рокот за плаќање, изведувачите повеќе не чекаат толку долго за неплата и почесто ги доставуваат поединечно отворените фактури. Генерално, сепак, можеме повеќе да забележиме зголемување на моралот на плаќањето, што е корисно за профитабилноста на компаниите.

 

Каде сè уште има потреба од дејствување кај транспортните и логистичките компании со цел да се оптимизираат нивните транспортни процеси и да се зголеми нивната профитабилност?
Може да спречите некои проблеми. Во многу области на логистика, процесите кои се во позадина на транспортот сè уште течат аналогно. Ова во основа ги прави процесите склони кон грешки.

Стоките треба да стигнат од А до Б. Ова е физички процес што не може да се замени - но потоа сеуште се продолжува аналогно. Приемот на стоката се потврдува со испратница. Тука започнува процес што е бавен и склон кон грешки, особено кога испораките понекогаш се превземаат по четири или пет пати. Испораката се наведува во товарниот лист и потврдата се пренесува на секој можен учесник во транспортниот ланец. Таквиот класичен ЦМР има четири примероци, тоа е главниот доказ за извршениот транспорт, а со тоа и за извршувањето на договорот за испорака. Секој што е вклучен во транспортот, има голем интерес да добие оригинална копија.

Сепак, оваа потврда за испораката ретко се испраќа до клиентот веднаш потоа, бидејќи таа останува во камионот и честопати патува со него на следните тури пред возачот да се врати во канцеларијата. На овој начин веќе доцнат потврдите потребни за наплата и со тоа се одложува плаќањето на налогот. Овој вид на обработка создава ризик дека товарните документи нема соодветно да се достават до транспортната компанија. Ако оригиналниот документ се изгуби по пошта,  се комплицира докажувањето дека е извршен транспортот. Најчесто копиите одбиваат како доказ. Ова резултира во долг синџир на комуникација што може да предизвика потешкотии. Тука може да помогне дигитална варијанта.

 

Како може дигитализацијата да и помогне на логистиката во моменталната ситуација?
Преминувањето кон управување со електронски документи во моментот може да биде особено корисно за логистиката, бидејќи на пример, и кај транспортерите и шпедитерите, поради работењето од дома, веќе нема секогаш некој присутен во нивните канцеларии. Во една ваква ситуација, уште потешка е размената на хартиени документи. Спротивно на тоа, дигитално управуваните документи можат побрзо да се обработуваат. Законодавството дава „слободно“ за електронски документи. Она што многумина не го знаат: И скениран или копиран документ има доказна вредност за на суд. И така најчесто датотеката за транспорт е дигитализирана во секој случај за задржување на данок.

 

Значи, овој чекор може порано да се вклучи во синџирот на процеси?
Прашањето што сите клиенти си го поставуваат е дали стоката пристигнала безбедно. Одговор на ова може исто толку лесно да даде еден скениран документ. Мојот совет е: Кај секој процес, треба да проверите дали е можна електронска варијанта и, ако е така, уште од самиот почеток да се согласите со тоа. Во рамките на договорениот период за плаќање, на пример, електронската варијанта може да се користи за да се овозможат повратни прашања, да се затворат празнините во комуникацијата и да се придвижат поставените рокови на плаќање. Доколку е потребно, оригиналот може да се испрати по пошта. Бидејќи за обете страни целта треба да биде времетраењето на плаќањето да биде што е можно пократко. Тоа заштедува време, пари и нерви.

Јас проценувам дека, поради корона периодот, ќе се пробие електронското спроведување на транспортот. Бидејќи во логистиката, многу процеси можат уште повеќе да се дигитализираат. Ова исто така го вклучува и начинот на плаќање.

Дали сè уште имате отворено побарување? Едноставно, нарачајте ја онлајн услугата за наплата на долгови на TIMOCOM и однапред ќе добиете целосна транспарентност на трошоците во калкулаторот за надоместок на трошоците.

Сега побарајте ја услугата за наплата на долгови

 

Ова исто така може да ве интересира:

Наплата на долгови - успешна приказна:Mega Pol Trans се потпира на TIMOCOM Inkasso International

Колку е важна дигиталната мрежа за иднината на логистиката?

Вака може да го планирате транспортот на вашите сопствени производи индивидуално и врз основа на податоци

нагоре