skip navigation

Седум совети, како можете и после Корона да етаблирате дигитално работење во вашата компанија.

Дигитална трансформација за логистички компании

Сподели на ...
10.02.2021

Корона  беше двигател на  дигитализацијата , која успеа, за многу кратко време да спроведе  дигитално работење   низ цела Германија  а во некои случаи и социјално да се етаблира. Исто така, и логистички компании   за време на периодот на ограничувањата се соочија со предизвикот за одржување деловни операции со воведување на  работењето од дома. Многу вработени го искусија „ Работењето  од далечина“ и компаниите се задоволни што работење толку добро. дигитално функционира.  Од оваа неопходност се појавија неколку прагматични корпоративни практики.

Но, за да се направи одржлива и успешна  дигиталната трансформација , не е доволно само да имате дома вработени седнати на компјутер. Мора да се случи културолошка промена, која TIMOCOM денес веќе ја живее. Во оваа статија ви даваме седум совети за полесно да воведете дигитална култура.

New Work | Дигитално работење и после корона кризата
Сподели на ...

Прво скептицизам, а потоа позитивни согледувања

Мерките за борба против корона пандемијата принудна акција од претприемачите ширум светот. Речиси преку ноќ, вработените беа испратени да работат од дома. Компаниите успеаја на овој начин да останат компетативни  Пред првото ограничување, многу компании и директори беа критични или дури и скептични во врска со  работењето од дома . Беше незамисливо, „новото работење“ да стане „новото нормално“. Постоеше голема загриженост дека ќе настрада обемот на работа на вработените. Со преселбата од канцеларија во  работење од дома , беа дигитализирани методите на работење и се менуваат организациските процеси. По неколку недели и месеци во  работење од дома , германските претприемачи сфатија дека е можна ефикасна работа и вон нивните канцеларски sидови, па дури и функционира далеку подобро отколку што се очекуваше.

 

Работeњето од дома има потенцијал и може да се прошири

Во едно истражување, вработените претежно ги наведиуваат предностите на новиот стил на работа. Тие се чувствуваа попродуктивни и позадоволни. Долгорочно менување на ставот,  од корпоративна култура на задолжително присуство во култура која првенствено се фокусира на резултатите од работата, сега се чини дека е можно.  Мнозинството работодавци (57 проценти) значително ги прошируваат можностите за дигитално работење  , според анализата на компанијата за здравствено осигурување ДАК. 

Но,  привременото дигитализирано решение мора да стане организациска дигиталност, така што  дигиталното работење  може да функционира и после кризата.

 

За да може дигиталната култура да навлегува во сите области на компанијата и ефективно да се применува, потребни се седум постулати:

 

1. Заедничко обликување на промената

Тука е потребна добра комуникација. Вработените и другите партнери треба редовно да се информираат на темите  дигитализација  и  работење од дома . Нивното мислење е важно и затоа нивните желби треба да бидат вметнати во новата корпоративна култура. Особено, извршните директори и раководството треба (уште) почесто да разговараат со вработените доколку концептот за ново работење треба да стапи на сила.

 

2.Овозможување на нов начин на размислување

Дигиталната култура исто така значи дека работата и работното време може или треба да се проверуваат само во ограничена мерка. Ако барањето да се биде присутен во канцеларијата неизбежно е укинато од страна на работењето од дома, истовремено може да се изврши преиспитување во врска со проценката на работата. Наместо култура на присуство, сега фокусот може да биде на квалитетот на одработеното. Ова овозможува мерење засновано врз јасни резултати. Контролата на работата се врши со проверка на квалитетот и квантитетот на извршените активности.

 

3.Нова лидерска култура      

Особено во економски неизвесни времиња, потребна е поголема доверба во посветеноста на вработените отколку кога било порано. Треба да се рефлектира до нивото на среден менаџмент. Менаџерите сега имаат задача да мотивираат и да дадат простор да се навикнат. Транзицијата нема да биде лесна за секого, меѓу другото, бидејќи сè уште има недостиг на постојани работни места во приватните домови и луѓето  работењето од дома{ го прават во нивната кујна, на пример. Но, дури и кога во денешно време се обезбедени техничките барања, приватниот и семејниот живот не можат секогаш да бидат јасно одделени од работното секојдневие, на пример, ако детето повеќе не може да биде во градинка и мора да се донесе дома. Како претприемач, за ова треба да им понудите на вработените флексибилност.

 

4. Дефинирање на условите за работење

Она што важи во канцеларија може да важи и од дома. Правилата за работа кои се заедно договорени, обезбедуваат јасност во врска со онлајн работното време и основните времиња кога е можна соработка и консултации. Унифицирана опрема во однос на технологијата и работниот мебел е неопходна за да се овозможи ергономско работење. Прашањата во врска со заштитата на податоците и ИТ, исто така, треба да се разјаснат, така што секој вработен знае во која рамка може да работи.  

 

5. Регулирање на соработката

Личните разговори и тимските состаноци мора да продолжат да се случуваат - како дигитални состаноци. Видео разговорите се посоодветни од чистите телефонски конференции, бидејќи тие придонесуваат за подобра кохезијата на тимот.  Редовните состаноци на тимот со фиксен дневен ред помагаат во структурирање на секојдневната работа  и утврдување на настани.

 

6.Овозможување и промовирање на размена

За  социјална кохезија во компанијата, мора да има слобода  така што вработените ќе можат да продолжат да разменуваат идеи за секојдневните деловни активности, индустриските новости и баналности. Виртуелни паузи за ручек или паузи за кафе пиење помагаат да се зајакне чувството за заедништво и со тоа да се  градат тимови . Редовната размена, на пример преку видео телефонија на точно определено време, може да помогне да се заменат личните состаноци во канцеларија и исто така да се зајакне тимскиот дух. Информациите не се изгубени и имате подобар преглед на она што се случува со колегите или во тимот воопшто.

 

7. Дигитална инфраструктура

Дигиталното работење функционира непречено само без преминиод еден во друг медиум. Ние во TIMOCOM  го знаеме ова и затоа им ги нудиме на нашите клиенти сите апликации што им се потребни во еден систем. Затоа е логично да се извршуваат внатрешни процеси на работата преку организиран внатрешен портал.

За една спешна дигитална култура не се само потребни дигитализирани процеси, туку и интегрирани. Ова вклучува размена на информации, оптимизација на процесите и осигурување на квалитетот - и тоа комбинирани едни со други. Тоа е концептот на  дигитално работно место , што оптимално ги користи сите технички можности.

Важен аспект: Соработката е децентрализирана, но мрежна. Реѕултат натоа е дека, работното место како такво веќе не е важно.

Мобилното работење или  работењето од дома  веќе не се проблем ако на вработениот му треба пристап само до  дигитално работно место.

Информациите се спојуваат на централно место, работните процеси се транспарентни за подобрена соработка.Сите релевантни документи, функции и програми работат заедно на една платформа на која вработените комуницираат, поврзуваат и заедно работат на задачите.

 

Од привремено решение до дигиталната корпоративна култура

За работниот свет,  корона  значи можност за промена. Бидејќи секоја  криза  секогаш е и можност за оптимизација. Многу работни процеси можат преку дигитална култура во компанијата. да се направат побрзи, поедноставни и попаметни.

Некои компании го презедоа овој чекор уште пред  корона  и за време на изолацијата, за многу кратко време со многу прагматизам и флексибилност о унапредија  дигиталнаото работење. Сепак, по првото позитивно искуство, компаниите не мора да инсистираат од своите вработени повторно да  се вратат во канцеларија.

Добрите достигнувања во дигиталното работење треба да се одржат и по  корона , бидејќи се покажа дека децентрализираното работење може да се користи за да се работи продуктивно. За ова да успее на долг рок, неопходна е дигитална корпоративна култура, која ние ја нудиме не само на нашите вработени, туку и на нашите клиенти. Нашата мисија: Логистиката да стане дигитална и лесна за сите наши TIMOCOM корисници.

 Направете го првиот чекор и  дигитализирајте ги вашите транспортни процеси.

Тестирајте го сега Smart Logistics системот

нагоре