Одложување на наплатата: Што да се прави ако клиентот не плаќа?

Три совети за наплата на долгови за управувањето со побарувањата

Сподели на ...
18.08.2020

Транспортот е завршен, но деловната жиро сметка останува празна. Како логистичар, се претпоставува дека по испораката на стоката, клиентот ќе ја плати и фактурата. Речиси секоја компанија знае дека некои од деловните партнери плаќаат премногу доцна или воопшто не плаќаат. Ако датумот на доспевање е надминат, сега би можеле да одите кај адвокатот. Сепак, посетата кај правниот експерт треба да се избере само кога сите ресурси веќе се исцрпени. Ние ви откриваме со три совети што можете да направите како претприемач со отворените фактури и како можете да дојдете до вашите пари.

Пред да поминете низ долг и често скап правен процес, можете да изберете други средства за наплата на ненаплатените побарувања.
Сподели на ...

1. Испратете ја фактурата


Звучи едноставно, но важно е. Колку побрзо се напише фактурата и се испрати до клиентот, толку побрзо ќе биде и плаќањето. Формулирајте конкретно кога доспева износот на фактурата. Ова создава јасност за сите инволвирани и така вашиот клиент знае до кој ден треба да го изврши плаќањето. Како по правило, компаниите избираат плаќање до 30 дена. 


2.  Контактирајте го вашиот деловен партнер


Ако парите на вашиот клиент не бидат уплатени во договореното време, разумно е веднаш да се преземе акција. Вашиот клиент сигурно намерно не одбил да плати. Затоа, побарајте комуникација со вашиот деловен партнер. Ова може да биде разговор или предупредувачко писмо, што ќе потсети на доспеаниот износ. Формулирајте на фактички и уреден начин тоа што е предметот и наведете ги: 
• видот на услугата, датумот и бројот на фактурата. 
• Висина на износот
• Потсетување на рокот за плаќање со точниот датум
• Последиците, ако износот не се плати


3. Ангажирајте агенција за наплата на долгови


Ако по разговорот или писменото потсетување, фактурата сè уште не е платена, не треба прерано да се откажете. Пред да одите кај адвокат или како крајна инстанца на суд, давател на услуга за наплата на долгови може да дејствува за да ги добиете вашите пари. Меѓународната услуга за наплата на долгови на TIMOCOM за корисниците на Smart Logistics системот ако е потребно е активна низ цела Европа.  Оваа услуга можете лесно преку Интернет да ја нарачате. Како неутрални посредници, користиме лица кои го користат мајчиниот јазик за да ги побараат вашите побарувања на 25 јазици. Притоа тимотот на TIMOCOM наплата на долгови има успешност коголема од 86%. 
Дали имате сè уште отворено побарување? Дознајте без обврска за услугата за наплата на долгови на TIMOCOM и однапред со калкулаторот утврдете ги можните трошоци.

Информирајте се сега

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе